16 Јануари, 2025
0.0275

Ќе се реконструира дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и реканскиот регион

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија и оваа година работи на изградба на нова и реконструкција на постојната дистрибутивната мрежа во струшкиот, дебарскиот и реканскиот регион.

Корисничкиот енерго центар на ЕВН Македонија во Струга досега изгради над 5 км. дистрибутивна мрежа на ниско и средно напонско ниво.

Реконструирани се 13 трафостаници, изградени се нови 4 компактно бетонски трафостаница и направена е реконструкција на дел од постојната мрежа. Извршена е и дислокација на над 1000 мерни уреди, со што во едно се реконструира и ниско напонската мрeжа и се воведува ред во користењето на електричната енергија.

Модернизирање на дистрибутивната мрежа е направено во Струга - с. Велешта, населбата Мислешево, селата Добовјани, Горно и Долно Татеши, Делогожда, Богојци и Малесијата, с.Радолишта, Шум, Заграчани,Вишни, нас. Теферич, с. Корошишта. Во Дебар е реконструирана дистрибутивната мрежа во нас. Шпиље, а во реканскиот крај во селата Ростуше, Велебрдо, Требиште, Јанче,Битуше и Жировница..

Со овие инвестиции повеќе од 10 000 корисници од овие населени места ќе добиијат стабилно и редовно снабдување со електрична енергија, намален број на дефекти како и можноста за селективност при исклучувањата во случај на дефекти и идни технички зафати.

Со поставувањето на „RECLOSER“ далечински управуваниот разделувач на моќност и на повеќе статични нови разделувачи се отвора можноста за поголема селективност во мрежата за лоцирање на дефекти од големо невреме. Со ова само местата каде што е настанат дефектот ќе останат без напојување до негова поправка.

Инвестицијата на ЕВН Македонија изнесува 1,5 милони евра. До крајот на годината ќе биде завршена и реконструкцијата на 10кВ далновод Дрслајца, од кој се напојуваат корисниците од с.Дрслајца, Мороишта, Ложани, Биџево, Ливада, Корошишта, Џепин, Ново Село. Ќе се постави нов разделувач на моќност кај с.Ливада и ќе се направи реконструкција на дел од средно напонската мрежа во должина од 1,2 км, ќе се заменат дотраените дрвени со бетонски столбови, а ќе се постават и нови проводници со поголем пресек.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката