„ЌЕ СЕ ТРУДИМЕ ДО КРАЈ ДА НАЈДЕМЕ РЕШЕНИЕ“: Таравари пред почетокот на Собранието на Алијанса на Албанците за коалицијата Вреди

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 15:03
Случувањата во овој момент во политиката се динамични и треба да се носат разумни одлуки, рече Арбен Таравари пред почетокот на партиското собрание на Алијанска за албанците кое денес се одржува во Гостивар.
Меѓу новостите беше и доаѓањето на Исен Шабани, актуелен градоначалник на општина Врапчиште кој доскоро беше и потпретседател на партијата во крилото на Зијадин Сеља.
На прашањето на новинарите околу коалицирањето со останатите партии на албанците во Македонија, Таравари рече дека се коалициски партнери.
- Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори, рече Таравари
Тој потврди дека со Изет Меџити имале средба пред четири дена и дека разговорот бил конструктивен и траел речиси два часа.
Тараври, исто така потврди дека имал и средба со лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети кога се сретнал со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
- На таа срдба само се поздравивме, како што налага однесувањето во такви прилики. Јас со секој политичар би се поздравил освен со лидерот на Левица - потенцира Таравари.
Исен Шабани одговорајќи на новинарски прашања за неговото присуство и можно кандидирање на претстојните избори рече дека планира да биде независен кандидат и да бара поддршка од крилото Таравари.
- Денес собрав храброст да ги отстранам сите дилеми за АА и да биде што е можно повеќе обединета, рече Исен Шабани.
Според најавите дека Шабани е можен кандидат за трет мандат за градоначалник во Врапчиште, тој посочи:
- Не можам да бидам партиски потпретседател додека не поднесам независна кандидатура - изјави Шабани.
На дневен ред пред партиските членови е дикусија за актуелната политичка состојба, за локалните избори, а донесена е и декларација за трагедијата во Кочани.
Можеби ќе ве интересира
МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица
Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Тетовските судии во одбрана на Ферати: Досудил најстрога казна за прегазувањето на Тамара

МВР со вонредно предупредување: Чувајте се од „фишинг“ измами

Гол маж приведен во центарот на Скопје, па однесен во психијатриска болница

Фондот за здравство се огради од вработениот кој давал податоци за брзи кредити: Изолиран случај, граѓаните да ни веруваат

ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ПРИСТИГНАТ И ЛЕКОВИТЕ ЗА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ - Клековски вели доцни поради промени во системот за јавни набавки

ДЕНЕСКА СЕ ВРАЌА ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД БУГАРИЈА, СОСТОЈБАТА НА КРИТИЧНИТЕ ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТА - најнов здравствен билтен за повредените во Кочани
