ЗЕМААТ ПЛАТА ОД 57 ДО 67 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, АМА ЛАЖАТ ДЕКА НАМЕСТО ДРОГА ЗА ЗАТВОРЕНИК, БАРААТ СКАП ЧАСОВНИК - кој им поверувал на полицајците дека го однела кучката Цеца

Објавено во: Македонија 09 Април, 2025 16:21
Автомобил се паркира пред затворот, фрла топка, во која, како што рече директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, имало кокаин и марихуана, и возилото заминува. По ова во дворот на затворот излегува осудениот Жан Железарски од Кочани во јавноста познат по случајот „Детонатор“, и ја зема дрогата, а во тоа му помагале затворски полицајци. Сето тоа било снимено од затворските камери. За овие затворски полицајци ќе има кривични пријави.
Жан Железарски издржува казна затвор во штипскиот затвор. затворските полицајци, пак, кои му помагале да ја најде дрогата, потоа излажале дека бараат часовник „што го зела кучката Цеца“. Железарски, како што е познато, беше осуден на 14,5 години затвор за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство и измама и е всушност еден од водачите на криминалната група од Кочани.
Во 2019 година тој добил отсуство, но потоа не се вратил таму, и по него беше распишана меѓународна потерница, за по две години да биде екстрадиран од Косово.
Александар Пандов, директорот на Управата за санкции, денеска информираше дека се поднесени кривични пријави против полицајци кои му помагале на Железарски да ја пронајде топката со дрога префрлена во дворот на затворот.
Имено, пред штипскиот затвор, на 20 февруари во 21.40 часот дошло возило, кое ја поминало првата и дошло на втората капија, каде затворскиот полицаец во дежурна не го запишува, иако е должен тоа да го направи. Од возилото излегло лице кое што доаѓа до ѕидот на самиот затвор и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореник со иницијали Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден со иницијали Р.К. и бараат нешто во тревникот.
После ова дошол затворски полицаец кој им рекол дека треба да се вртат и да се оддалечат. По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена, Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци. Затвореникот и понатаму зборувал на телефони и барал нешто низ тревникот.
„Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски лампи се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат“, рече Пандов.
Според него, за ова следниот ден дознал и директорот на затворот и по негова наредба повторно се барало во дворот, и се нашла топка во кеса, во која биле пронајдени 35 грама бела прашкаста материја, кокаин и 50 грама марихуана. Кога директорот ги прашал командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, објаснувањето, кое стои и во нивната службена белешка, било дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж си играл со кучката Цеца, но притоа му испаднал скапиот часовник, а таа најверојатно го однела, па тие го барале тој часовник.
„Тој имал скап часовник за кој им навел дека е барем 1.000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот“, појасни Пандов.
Според него, дрогата веднаш била пријавена во СВР Штип, а по наредба на директорот се формирала дисциплинска комисија, составена од пет члена, кои ја имаат виденоо снимката, и која одлучила на 28 март годинава дека затворските полицајци не се виновни.
„Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го барале часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено. Притоа мора да потенцирам дека овие затворски полицајци македонската држава, нас како даночни обврзници, не чинат така што најмалата плата од сите овие затворски полицјаци кои учествуваат во овој дел е 57 илјади денари, а најголемата е 67 илјади денари, со средно образование. Во затворската полиција има и со високо образование вработени“, изјави Пандов.
Како што своевремено пишуваа медиумите, судијката Весна Димишкова откако ја објавила пресудата, јавно проговорила дека добивала заканувачки пораки од некои обвинети без да ги именува, од тоа дека ќе летне како гулаб, па до тоа дека ќе биде исечкана на парчиња. Овие закани биле од Железарски.
Можеби ќе ве интересира
Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

ОД ДЕНЕСКА ПА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ: Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел
СЕПАК ТРЕБА ПОЗНАВАЊЕ ОД ХЕМИЈА: Еве како војската учи за хемиска стабилност на барути

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!

„ЦЕЛТА Е ДА СЕ ВРАТИ ДУИ ОД КЛИНИЧКА СМРТ“: „Врие“ во „Вреди“, критики за Таравари

КАКО ПАЛЕВСКИ ЌЕ ГО ПЛАТИ АДВОКАТОТ ШТО ГО БРАНИ? Еве што вели Страшевски

„АКО САКАМЕ ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ ЛУЃЕВО, ВЛАДАТА МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЛУКСУЗИТЕ“: Пратеникот на СДСМ, Костовски вели да не јадат папаја и манго

„ЈАС БИ КУПИЛА КАРТА ЗА МОСКВА, ЕУ Е И ЗАБЕГАНА И ИЗГУБЕНА“: Ванковска за изјавата на комесарката Кос

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се наврши еден месец од пожарот во Кочани, за шест уапсени полицајци се одредени мерки за претпазливост
