ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ДА ГО РАЗУБЕДИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Меркел ќе лобира кај Макрон за преговорите
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2019
Франција засега е без одлука во однос на датумот за старт на преговорите на нашата земја со ЕУ. Се чека ставот на Макрон кај кога утре ќе отпатува германската канцеларка Ангела Меркел.
Според информациите на германските новински агенции Меркел ќе го убедува францускиот претседал да даде зелено светло за Македонија да ги стартува преговорите и да го промени тврдиот став.
Причината поради која е можна блокада од страна на Макрон, како што се наведува биле несоодветните реформи во двете земји.
Од друга страна тука е и условот за реформи во ЕУ во однос на проширувањето со нови членки.
Францускиот амбасадор пак во земјава, вели да не брзаме со заклучоци пред време и дека не треба да се демотивираме.