Ќе успее ли Владата со ребаланс на буџет да ги среди финансиски „загушените“ општини?
Објавено во: Економија 24 Септември, 2018
Се поголема станува веројатноста дека ќе мора да се направи ребаланс на државниот буџет во октомври, а како главна причина за тоа е потребата да се најдат пари за раздолжување на општините и да се најде начин како оние најзадолжените да ги исплатат парите за набавки, и сметките кон училиштата и градинките, трупани со години.
Многу од општините не го почитуваат законот за финансиска дисциплина, па мораат да трошат само за она што е најпотребно, односно поради блокада не можат да одвојат за инвестиции. Според последните извештаи и податоци, станува збор за околу 25 општини со долгови од над еден милион евра.
Иако офиицијално нивниот долг е непознат, во една прилика премиерот Зоран Заев рече дека тој изнесува над 100 милиони евра, бидејќи станува збор за „гушење“ со нови издатоци и функционирање со блокирани сметки.