Ќе вложат 2.7 милијарди долари за почист воздух
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017
Кинескиот град Пекинг годинава ќе потроши 2,7 милијарди долари за да го намали загадувањето на воздухот, јави агенцијата Синхуа.
Парите ќе бидат наменети за затворање или модернизација на повеќе од 2.000 фабрики кои важат за најголеми загадувачи, замена на јагленот со чиста енергија на периферијата на градот, како и постепено исклучување на 300.000 стари возила од сообраќај.
Властите вложуваат напори значително да го поправат лошиот квалитет на воздухот во Кина, посебно во главниот град.
Последните неколку недели Пекинг беше со многу загаден воздух, па властите привремено ги затворија фабриките и им забранија на децата да одат во училиште.
Во среда беше формирана нова полициска единица за заштита на природната средина, чија задача е да го искорени нелегалното палење во градот.
Претходно Кинезите купуваа чист воздух од Нов Зеланд, затоа што кај нив е загадено.