Клинтон ги сакала Тим Кук и Бил Гејтс за потпретседатели?
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2016
Во технолошкиот свет Тим Кук и Бил Гејтс имаат сè. Раководители се на две од најголемите компании, тие поседуваат власт, влијание и огромни банкарски сметки. Но едно нешто за кое и двајцата евентуално би можеле само да сонуваат, е да присуствуваат заедно со новоизбраниот претседател на САД на неговата инагурација.
Според неодамна декласифицираните документи на „WikiLeaks“ сепак, токму тие двајцата биле во плановите на Хилари Клинтон за потенцијални нејзини заменици за претстојните претседателски избори.
Покрај Тим Кук и Бил Гејтс, потенцијално споменувани имиња биле уште шефовите на Xerox, Урсула Барнс и на Starbucks Хауард Шулц. Секој од нив ќе беше интересен и можеби невообичаен предлог - Кук ќе беше првиот потпретседател хомосексуалец, а Барнс - првата жена-потпретседател.
Информациите доаѓаат од истечената мејл преписка на шефот на кампањата Џон Подеста.
На крајот, тимот на Хилари Клинтон застана зад сенаторот од Вирџинија, Тим Кејн.