Коалицијата за промени и правда, ДУИ, ДПА, Левица, ПДП, ЛП и СДСМ ги доставија листите во ДИК
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2016 22:26
Коалицијата за промени и правда и партиите Левица, ПДП, ЛП, ДУИ, ДПА и СДСМ вечерва во Државната изборна комисија поднеле листи на кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори во декември.
„Toa e листа на кандидати која што е победничка, усогласена со граѓаните на Република
Македонија и која што е одобрена од највисоките партиски тела на Коалицијата“ - кажа Стевица Јосифовски, претседател на правниот сектор на СДСМ.
Рокот за поднесување на листите истекува на полноќ, а од ДИК очекуваат листите да бидат поднесени во законски предвидениот рок.
Потоа, ДИК има рок од 48 часа од доставувањето да ги разгледа и потврди листите. Ако се констатираат неправилности, ќе им укажат на подносителите, кои ќе треба да ги отстранат тие неправилности во период од 48 часа. По потврдувањето на листите, ДИК има законска обврска да изготви изборен кодекс и да им го понуди на партиите учеснички на изборите, за да го потпишат.
Жрепката за распоред на листите, според роковите во Изборниот законик треба да се одржи на 20 ноември.
На полноќ завршува и јавниот увид во избирачкиот список.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




