КОБНА НЕСРЕЌА: Излетал од патот, удрил во бетонска ограда и починал на лице место
Објавено во: Македонија 19 Август, 2018
На магистралниот пат Струмица - Берово, на излезот од село Дабиле. Г.Т (49) од селото Петралинци управувајќи со патничко возило пежо 607 со струмички таблици, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во бетонска ограда.
Од силината на ударот и здобиени повреди Г.Т. загинал на лице место, соопшти МВР.
„Несреќата се случила вчера околу 13:50ч. Екипа на медицинска помош констатирала смрт.
Телото на починатиот е предадено на семејството а од 14:05 и 16:30 патот бил затворен и сообраќајот е пренасочен на магистралниот пат Дабиле - Босилово.