22 Април, 2018
0.0616

Коцијанчиќ: Кој ќе дојде на вечера во Брисел ќе дознаете пред средбата

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017

Поради актуелната политичка ситуација во земјава уште не се знае кој од политичките лидери ќе присуствува на состанокот на лидерите од државите во регионот во Брисел, дали техничкиот премиер Емил Димитриев или мандатарот Зоран Заев.

Состанокот за 24 мај го свика шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, а денеска портпаролката Маја Коцијанчиќ не сакаше да открие кој премиер во име на Македонија ќе патува на неформална вечера.

Како што пренесе Мета повикувајќи се на изјавата на Кочијанчиќ имињата на учесниците ќе бидат потврдени непосредно пред посетата. 

„Во овој момент можам да кажам дека поканите се испратени до премиерите, а имињата на учесниците ќе бидат потврдени непосредно пред посетата. Ќе ве замолиме за трпение, но до 24 мај ќе дознаете кој ќе дојде“, рекла портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчиќ, одговарајќи на прашање кој ќе присуствува на средбата и дали Заев ќе добие посебна покана ако не успее дотогаш и официјално да ја формира владата.

Могерини, имено, за 24 мај ги повика лидерите на шест држави од регионот-Србија, Црна Гора, Косово, БиХ, Албанија. Црна Гора и Македонија, на неформална работна вечера, а портпаролката на ЕК Маја, изјави дека тој собир ќе послужи да се направи пресек на постигнатото од последната посета на шефицата на европската диполматија за регионот, во март годинава.

Можеби ќе ве интересира

Стефановска: Треба да има општествена и психолошка одговорност за насилството меѓу врсниците

Стефановска: Треба да има општествена и психолошка одговорност за насилството меѓу врсниците

Најавен голем првомајски протест за стопирање на извршителите

Најавен голем првомајски протест за стопирање на извршителите

Заев за Франс прес: Блиску сме до решение кое ќе трае со векови со Грција

Заев за Франс прес: Блиску сме до решение кое ќе трае со векови со Грција

Голем пожар покрај Преспанското езеро

Голем пожар покрај Преспанското езеро

Заев тврди дека сите разговори за „Монструм“ се во СЈО

Заев тврди дека сите разговори за „Монструм“ се во СЈО

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга