Коѕиас бара Албанците да ги „прочистат“ учебниците за Чамите
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2018
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас денеска изјави дека Албанија треба да ги „прочисти“ школските учебници од „прашањето за Чамите“.
Тој објасни дека во текот на разговорите на заедничката експертска комисија, грчката страна јасно им ставила до знаење на албанските претставници дека термините „албански територии во Грција“ и поимот „Чамарија“ за дел од грчката територија, треба да бидат избршани од учебниците по историја и географија, бидејки тоа се иредентистички поими.
Неодамна властите во Грција соопштија дека може да ја условат Албанија за членство во ЕУ.