Коѕијас ќе се крши со јајца и во Скопје
Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 07:39
Постои голема можност грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас да се скрши со јајца како што налагаат христијанските обичаи, со неговиот колега Никола Димитров кон средината на следната недела кога велигденските празници се уште ќе се празнуваат во последните денови.
Причина за втората консеквента посета на Коѕијас на Скопје нема да биде за помпезно историско слетување на скопскиот аеродром туку сериозно засилување на динамиката на преговорите за името со можеби првите поконкретни чекори во склопување на договорот меѓу Македонија и Грција.
Интензивирањето на состаноците меѓу Коѕијас и Димитров, според грчките медиуми пак, укажува на подготвеноста на двете страни да постигнат решение околу нивните разлики, што беа утврдени на преговорите деновиве во Виена. Според грчките медиуми, за Грција принципот “ерга омнес” е непрекршливо правило, исто како и промената на Уставот. За Македонија, црвени линии и натаму остануваат именувањето на јазикот и на националноста.
Засега двата министра ги брифираат сопствените влади за разговорите кои се одржаа недоамна во Виена, по што и во Македонија и во Грција ќе се информираат и политичките партии со цел сите лидери да се запознаат со тоа што е ново меѓу двете страни, дали има основа за договор и каков и кои се следните чекори кои ќе бидат обликувани како од саматата досегашна динамика на преговори под медијација на Метју Нимиц така и од политичката волја да се дојде до компромисно и достоинствено решение.Македонското прашање во Грција се прави обид да не биде постојано во фокусот на вниманието, туку и самото заострување на односите со Турција и превирањата во Егејското море по апсењето на двајца грчки војници кои преминаа наводно по грешка на турска територија.
Х.С.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




