26 Април, 2024
0.1560

Кога ќе закрепне македонската економија?

Објавено во: Економија 12 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Дури идната година ќе закрепне економијата во земјава. Европската Унија предвидува раст од 3,7 отсто за Македонија. 

Со прогноза излезе Европската комисија во Пролетните економски прогнози кои се објавени денеска. Слична стапка за раст на БДП (3,8 отсто) се предвидува и за 2022 година.

„Во текот на 2021 и 2022 година, закрепнувањето се очекува да ја врати цврстата основа. Растот на реалниот БДП во просек би бил 3,7 отсто“, се вели во прогнозата. 

За јавните финансии се предвидува нивно подобрување во согласност со економското закрепнување и постепеното укинување на фискалната поддршка.  Со укинувањето на рестриктривните мерки, трошењето на домаќинствата се предвидува да се зацврсти и да забрза во 2021 и 2022 година, поддржано со понатамошно зголемување на платите, вработеноста и зголемување на дознаките. Инвестициите се очекува да растат.  Закрепнувањето на странската побарувачка од Германија и од Кина, ќе го поттикне растот на извозот. 

Кризата КОВИД-19 предизвика сериозни штети на сите економии на Западен Балкан во 2020 година, констатираше претходно Европската комисија, а пандемијата најдобро економски ја поднесоа Србија и Албанија.

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија