02 Мај, 2024
0.0340

Кога кризата избива, доцна е за големи продажби и за повлекување во побезбедни инвестиции

Објавено во: Финансии 02 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Минатата недела, ноќта помеќу среда и четврток започна руската инвазија врз Украина. И покрај претходните предупредувања и предвидувања од Западот, светот беше шокиран кога го виде почетокот на најголемиот воен напад на европско тло од Втората светска војна. Путин ја наведе демилитаризацијата на Украина како цел на воената операција, но вистински намери остануваат нејасни. Најверојатно, се чини дека желбата на Путин е да постави проруска влада на местото на сегашната украинска влада, со што би ја ставила Украина под руска контрола и потоа, како и Крим во 2014 година, ќе биде дел од руската област на интерес. На настаните соодветно  реагираа и пазарите на капитал. Во четвртокот, тргувањето на берзите ширум светот  започна  со длабока негатива. Неизвесноста се насели во речиси сите пазарни сегменти како на географско така и на секторско ниво.

Рефлексија врз пазарите на капитал

По првичната паника во минатиот четврток и петок следеше пресврт на пазарите. Инвеститорите оценија дека нападот нема значително да ја потресе американската економија и работењето на големите компании, бидејќи Русија, за разлика од Европа, не е главен трговски партнер на САД, а првичните санкции на Западот не беа толку драстични како што првично се очекуваше. Индексот на најголемите американски технолошки компании флуктуираше за 6,8 проценти помеѓу највисоката и најниската точка на дневното тргување во четвртокот, а во меѓувреме дури и влезе во зоната на мечкин пазар за краток период (пад од 20 отсто од локалниот врв). Иако не сме виделе таква нестабилност на пазарот од почетокот на пандемијата во март 2020 година, индексите Nasdaq и S&P 500 минатата недела ја завршија во позитива. За силниот раст на крајот на неделата, веројатно помогнаа шпекулациите дека Американската Централна банка поради зголемената неизвесност задржано би прстапила кон заострување на монетарната политика во блиска иднина. Во сенка на војната меѓу Украина и Русија, еден од најпознатите инвеститори на сите времиња, Ворен Бафет, го претстави редовниот годишен допис до акционерите. Зад неговиот конгломерат – Berkshire Hathaway, стои исклучително успешна година во која добивката од работењето на компанијата се зголеми за четвртина. Бафет истакна дека поради долгорочните екстремно ниски каматни стапки, пазарните вреднувања се релативно високи и како резултат на тоа, Berkshire исто така има значителен дел од своето портфолио во готовина, чекајќи можности во форма на надолни пазарни корекции.

Европските берзи закрепнува побавно по шокот во четвртокот. Компаниите на Стариот континент, за разлика од Соединетите Американски Држави, повеќе се вклучени во водење бизнис со источниот пазар. Државите, особено Германија и Италија, се многу зависни од руската енергија. Сите главни европски берзански индекси ја завршија неделата во црвено. Индексот на 40-те најголеми германски компании DAX изгуби добри 3 проценти на неделно ниво, но на почетокот од оваа недела загубите се интензивираа. Додека некои европски земји сè уште беа прилично воздржани во поглед на санкциите веднаш по нападот, позициите на важните лидери се заострија во текот на викендот. Конкретно, германскиот канцелар Олаф Шолц најави голем пресврт во на државната политика на подрачјето на енергетиката и одбраната, а целиот европски врв овојпат изгледа обединет и непоколеблив во борбата против заканата што се наѕира, дури и по цена на повисоки цени на енергијата, кои најверојатно дополнително ќе го зголемат растот на вкупните трошоци на живот и ќе го намалат економскиот раст. Сепак, директното влијание на можните одмазднички санкции врз европскиот извоз се чини дека е релативно слабо, бидејќи извозот во Русија претставува само 3% од вкупниот извоз на ЕУ.

Ситуацијата на рускиот пазар е значително полоша во споредба со другите места во светот. Откако западот објави дека ќе ги исклучи од системот SWIFT некои од банките и ќе ја замрзне активата на централната банка на Русија, таа пак одговори во понеделник со радикални мерки, вклучително и огромен одлив на капитал, барем привремено, со одложување на отворањето на берзата и зголемување на каматната стапка од 10% на 20%. Руските акции изгубија повеќе од 40 проценти од почетокот на годината, но санкциите ја отежнуваат трговијата со нив и се чини дека рускиот пазар на капитал ќе биде насочен исклучиво кон руските граѓани. Ограничувањата на странските компании и почитувањето на санкциите ги принудија големите странски инвеститори да се повлечат (BP, Shell, Daimler итн.). Сепак, статусот на преостанатите компании останува отворен. Путин се заканува дека една од одмаздничките мерки е национализација на целиот странски имот во Русија. Другите пазари во развој загубија под влијание на она што се случува во Украина, но загубите беа многу помали отколку за руските акции.

СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ:

Ситуацијата, а со тоа и пазарите се менуваат од ден на ден во склоп со настаните во Украина. Ова го отежнува предвидувањето на тоа која е најдобрата стратегија за во иднина. Неизвесноста е висока и инвестирањето во такво опкружување може да биде непредвидливо на краток рок.

На краток рок, изгледа најдобро е да почекате ситуацијата малку да се смири или да стане појасна. Санкциите, а со тоа и нивното негативно влијание врз економиите се реалност. Можеме да очекуваме повисока инфлација, а како резултат на тоа пазарите очекуваат помали зголемувања на каматните стапки на ФЕД. Обврзниците повторно се безбедно засолниште и ќе останат атрактивни, барем на краток рок, иако инфлациските очекувања растат. Како резултат на тоа, вложувањата во акциски фондови се помалку атрактивни, особено на пазарите во развој и Европа, бидејќи тие се премногу изложени на руската приказна. Од овој аспект, разбирлив е растот на американските акции, кои се најмалку изложени на кризата, а помалото зголемување на каматните стапки, исто така, ја зголемува атрактивноста на големите американски технолошки компании.

Долгорочно, искуството од слични кризи од Втората светска војна ни покажува дека во време кога кризата веќе избива, веќе е доцна за големи продажби и за повлекување во побезбедни инвестиции. Разговорот со финансиски советник и евентуално реорганизирање и прилагодување на портфолиото, е секогаш добредојдена одлука во вакви ситуации, но ако нешто научивме од минатите настани, тоа е дека не треба да ја прилагодуваме стратегијата на краткорочните случувања на пазарот. Затоа, паниката е непотребна. Инфлацијата ќе продолжи да биде предизвик, а диверзификацијата во глобални фондови е вистинска одлука. Многупати, моментите на голема пазарна несигурност и нерамнотежа се покажаа како долгорочна можност за трпеливи инвеститори.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци