27 Април, 2024
0.0351

Kога за првпат почнала да се кити елка за Нова година?

Објавено во: Свет 31 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Зимзелените растенија веќе со илјадници години се користат во прослави на христијанските и паганските обичаи. Паганите ги користеле да ги украсат домовите во текот на зимата, за да се потсетат на доаѓањето на пролетта, додека Римјаните ги користеле да ги украсат храмовите за време на фестивали. Христијаните зимзелените растенија ги користеле како знак за вечен живот со Бога.

Нема податоци кои точно можат да одредат кога елката по првпат е употребена како дел од божикна традиција. Се верува дека тоа почнало пред илјада години во северна Европа. Многу елки тогаш биле закачени на плафоните и прицврстени со ланци. Тие кои не можеле да си дозволат вистинска елка, ределе исцепени дрва во форма на пирамида и ги украсувале со хартија, јаболки и свеќи.

Во Викторијанската ера свеќичките на елката претставувале ѕвезди, а во некои делови на Европа сѐ уште се користат како украси. Меѓутоа, поради страв од пожар, во 1895 година биле направени електрични сијалички кои ги замениле свеќичките.

Разни светликави украси биле користени за украсување на елките кога тие почнале да се украсуваат. Разликата меѓу денешните и тогашните украси е во тоа што тие биле направени од сребрени топчиња, но кога почнале да се произведуваат пластични, тие брзо ги замениле сребрените.

Употребата на елката во божикните и новогодишните прослави првпат била документирана во 1510 година во главниот град на Летонија, Рига. За самата церемонија нема многу познати детали, но се знае само дека на крајот на прославата луѓето ја запалиле елката.

Постои слика од Германија, настаната во 1521 година, која прикажува бискуп како јава покрај елка кои луѓето ја носат низ градот. Се верува дека бискупот го претставувал Свети Никола. Првиот човек кој однел елка дома, според обичаите кои денес ги знаеме, бил свештеникот Мартин Лутер. Тој гледајќи низ крошните на дрвјата видел ѕвезди кои го потсетиле на Исус, па исекол елка и ја однел дома. Во Германија, елките биле украсувани со украси за јадење, како што се шеќерни јаболки и сладок леб. Но, подоцна почнале да прават стаклени украси слични на овие денешните.

Првата божикна елка во Велика Британија била поставена за време на владеењето на принцот Алберт. Додека во 1848 година кралската божикна елка била објавена во познатите Лондонски весници.

Божикната елка набрзо станала популарна и во Соединетите Американски Држави.

Вештачките елки се популарни во 20 век. Во тој период постоеле дури и модни ревии на пластични елки обоени во разни бои. Со години овие елки биле правени од метал, хартија, пердуви и разни типови на пластика.

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни