Кого брка СЈО во РЕК Битола?
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2016
Што се случува во енергетскиот бизнис. На кого цели СЈО. На бизнисмените или на директорите на комбинатот? Или и иедните и другите се под лупа, откако бомбите открија сомнителни тендери во РЕК Битола, поврзани со ископот на јаловина.
Екс директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски вели дека нема ништо нелегално во тендерите. Тој ова го даде во изјава за 24 Вести.
Опозицијата во дел од бомбите тврдеше дека двајца познати бизнисмени ги земале најголемите тендери за ископ.
Според истражувањето што го објави Фокус, бизнисмените Силјан Мицевски и Сеад Кочан за 4 години добиле тендери во висина од фантастични 160 милиони евра.
Сепак, бизнисмените сметаат дека нема ништо спорно.
„Јас не знам што бараат тие господа. Но, во секој случај добро е нека види што мисли дека има. Јас не мислам дека нешто може, барем за нашата работа, што таму бара, јас не знам, но нека си ја брка својата работа. За тоа се во крајна линија формирани и треба да си ја завршат работата“ - вели Силјан Мицевски за 24 Вести.
Од Термоцентралата се произведува две третини од домашното производство. Но тоа е во постојан и континуиран пад од 2006 та наваму што за многумина беше нејасно. Дали падот на производството е всушност отвроање пат за добар бизнис со увозот.
Домашното производство на електрична енергија од страна на АД ЕЛЕМво 2006 година ЕЛЕМ бил 6.195 гигават часови, а во 2015 година 4.651 гигават часови.
Увозот на струја пак, постојано расте, па годинава може да стаса и до 40 отсто од потрошувачката. Во 2006 година увозот бил 1.958 гигават часови.Во 2015 година, изнесува 2.785 гигават часови.