08 Мај, 2024
0.0256

Кои држави протераа руски дипломати?

Објавено во: Македонија 27 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Најмалку 23 земји, од кои 17 членки на Европска унија, го поддржаа обвинувањата на Велика Британија за вмешаност на Русија во труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал со невропаралитичка супстанција „новичок“, поради што најавија протерување руски дипломати.

Најагресивни мерки презедоа САД, и испратија дома 48 вработени во руската дипломатска мисија и уште 12 Руси вработени во Мисијата на Обединети нации. САД го затвори и рускиот конзулат во Сиетл.

„Тоа беше координирано дејство. Претседателот Трамп разговараше за ова со многу странски лидери, со нашите европски сојузници, повикувајќи ги да се приклучат на САД во објавувањето вакви мерки“, изјави заменик-портпаролот на Белата куќа, Раџ Шах.

Веднаш зад Американците се Британците со 23 протерани руски дипломати, а трета Украина со 13.

Франција, Полска, Германија и Канада протерааа четворица руски дипломати.

По тројца ќе испратат Чешка и Литванија, од која двајцата протерани се воени аташеа, а по двајца дипломати на Русија ќе треба да ги напуштат Данска, Италија, Холандија и Албанија.

Покрај Македонија, по еден руски дипломат решија да протераат Шпанија, Естонија (воено аташе), Летонија (плус вработен во „Аерофлот“), Финска, Романија, Хрватска, Шведска, Унгарија и Норвешка, а Исланд привремено ги прекина дипломатските односи со Москва.

Последната земја која одлучи, од солидарност кон Велика Британија, во која земја е и отруен двојниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, да протера руски дипломати од Австралија.Оваа земја утрово најави протерување на двајца руски дипломати.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава