Кои пратеници гласаа против измена на законите кои ги бараше Јанева?
Кој е против носењето на измените на законите и нормално продолжување на работата на СЈО?
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016
Собранието на Република Македонија денеска не ги прифати предлозите поднесени од опозицијата на седницата по скратена постапка да се разгледаат законите за изменување и дополнување и на Законот за СЈО, на Законот за заштитени сведоци, и на Законот за административни службеници. Со измените на Законот за СЈО се бараше продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, измените на Законот за заштитени сведоци предвидуваа специјалниот јавен обвинител да може да одреди статус на заштитен сведок на одредено лице.
Петре Шилегов од СДСМ изјави потоа дека власта не сака да се донесат овие измени на законите.
- ВМРО-ДПМНЕ не сака да се дознае кој го вршел незаконското прислушување во Македонија, рече Шилегов од собраниската говорница.
Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не прифаќаат никакви нови договарања, предоговарања, проширување на опфат и рокови надвор од тоа што било во рамките на процесот наречен Пржино.
- Тоа без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не може да се случи, а од ВМРО-ДПМНЕ нема согласност за таква работа, поради тоа што се што беше поставено како приоритет и потреба од страна на сите субјекти вклучени во тие разговори, се беше овозможено, рече Димовски.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Антонио Милошевски и Даниела Рангелова се на листата од денешното гласање, кои гласаа против тоа да се донесе Предлог – закон за изменување на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите по скратена постапка.
Кој е против носењето на измените на законот и нормално продолжување на работата на СЈО, погледнете од листата подолу: