02 Мај, 2024
0.0255

Кои се најголеми „пациенти“ на банките?

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

„Арчелор Митал“ ХРМ, „Макпетрол“, земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, „Макстил“ и „Топлификација“ се компаниите кои во првите девет месеци годинава имаат најголеми финансиски расходи, покажуваат нивните официјални податоци објавени на берзата.

Во ставката финансиски расходи најзначајно, доминантно или целосно учество имаат расходите што компаниите ги имаат за камати за нивните заеми и кредити спрема банките во земјава. Според достапните податоци овие пет компании имаат финансиски расходи од 6,85 милиони евра за девет месеци што значи дека најголем дел или сите пари завршиле во банките за отплата на нивните кредити.

Најмногу плаќа „Арчелор Митал“ ХРМ кој за првите девет месеци има финансиски расходи од 1,7 милиони евра и тие се пониски во однос на лани кога изнесувале 2 милиони евра. „Макпетрол“ за периодот јануари – септември има финансиски расходи од 1,4 милиони евра, а битолскиот комбинат „Пелагонија“ 1,38 милиони евра. Следниот е „Макстил“ кој исплатил 1,2 милиони евра, а во големата петорка изненадувачки е „Топлификација“ со 1,17 милиони евра.

Во најголемите десет компании според финансиски расходи се уште: скопски „Бетон“, „Скопски пазар“, штипски „Бетон“ и скопски „Жито Лукс“.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија