Кои се трите најбизарни референдуми во историјата?
Објавено во: Свет 29 Септември, 2018
Освен клучни и суштински, светската историја бележи навистина необични и навидум апсурдни референдуми.
Швајцарција е дефинитивно лидер на ова поле. Меѓу најинтересните референдуми е оној од 2010 година кога се гласало дали кучињата можат да ги застапуваат адвокати во судовите. Ова доаѓа поаѓа по реакциите на многу организации за заштита на правата на животните, чии претставници сметале дека многу случаи на суровост поминувале неказнето. Референдумот поминал успешно, но 71% од излезените гласале против.
Еден од побизарните референдуми е одржан во Нов Зеланд во 2009 година. Прашањето „Дали шлаканицата, како добро родителско однесување, треба да се смета за кривично дело?“ било цел на жестоки критики. За пошироката маса јавност, апсурден бил моментот како може нешто што е опишано како „добро“ да биде „кривично“. Дури и тогашниот премиер Џон Ки одбил да гласа. 88% од гласачите се изјасниле против.
Кога би се доделила награда за најчудниот референдум,
сигурен победник би бил референдумот во Саскатун, Канада
од 1997 година и тоа за, ни помалку, ни повеќе, како да биде
поставена тоалетната хартија во јавните тоалети. 80 отсто од
гласачите сметале дека ролната треба да виси напред, а 20
отсто одзади.