05 Мај, 2024
0.0274

Кој доби 500 евра субвенција за ПВЦ прозорци?

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Повеќе од 1.000 домаќинства од денеска можат да очекуваат на нивните сметки да легнат по 500 евра државни субвенции за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци. Министерството за економија го објави списокот со имињата на добитниците на паричниот надоместок, а кои се јавија на конкурсот што беше распишан на крајот на јануари годинава, а траеше до 31 август. Листа на баратели кои го остваруваат правото на надомест за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017 година може да ја видите на следниот линк.

Според условите од јавниот оглас, на овие домаќинства ќе им се надоместат до 50 отсто од направените трошоци за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност. Право на надоместок можеа да побараат лицата кои во своите домови ги заменија старите дрвени прозори во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас. Притоа, доделувањето на надоместокот се вршеше по принципот „прв дојден, прв услужен“, сѐ до искористување на предвидените средства за оваа намена.

Првично за оваа намена беа обезбедени 20 милиони денари (330 илјади евра), но поради огромниот интерес за оваа субвенција, со ребалансот на Буџетот за 2017 година, во август овој износ беше зголемен за 10 милиони денари (170 илјади евра), па вкупно ќе се распределат речиси 500 илјади евра.

Во Министерството за економија очекуваа со мерката да се поддржат околу 700 домаќинства, со оглед на тоа што се сметаше на различен износ на инцестиции од страна на домаќинствата, а со тоа да не биде искористен максималниот износот на субвенцијата. Но, праксата покажа дека кај граѓаните има голема заинтересираност за нови прозорци, кои обезбедуваат подобра енергетска ефикасност на живеалиштата, односно, подобра изолација од надворешните временски влијанија, а со тоа потопол дом во зима, а поладен во лето.

Ова е нова мерка на Министерството за економија за енергетска ефикасност наменета за домаќинствата, покрај веќе постојните субвенции за сончеви термални колекторски системи. Досега се објавени девет огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви колектори во домаќинствата, од 2007 до 2017 година, со исклучок на 2008 година. Заклучно со 2016 година, за оваа намена се одобрени 900 илјади евра, поднесени се вкупно 14.785 барања, а субвенционирани се 4.237 домаќинства.

Годинава за овие субвенции наместо досегашните 100 илјади евра, се обезбедени 260 илјади евра, додека условите се исти, односно се надоместуваат до 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност по домаќинство.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?