30 Јуни, 2024
0.0273

КОЈ Е АКАДЕМИКОТ - МИЛИОНЕР ? Професорот по кривично е топ инвеститор, неговите акции денеска вредат 1,4 милиони евра!!!

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Владо Камбовски е етаблиран доктор на правни, науки, академик, а своевремено и министер за правда. Но овој 76 годишен битолчанец се покажа и како врвен инвеститор во акции. Конкретно, неговите вложувања во акции на „Комерцална банка“ и на ТТК Банка денеска вредат 1,4 милиони евра. Само од дивиденда на своите акции во „Комерцијална банка“ неодамна доби 50.000 евра

Купи и чувај акции е стратегијата која секогаш дава резултат, но само доколку ги погодиш вистинските акции. А академик Владо Камбовски знае да избере. Неодамна благодарение на транспарентна објава на ТТК Банка дознавме дека универзитетскиот професор по кривично право бил акционер во „Комерцијална банка“. Таму поседува 3.900 акции чија денешна пазарна вредност е 1,37 милиони евра.

Еве Камбовски одлично избрал кога се во прашање вложувањата во хартии од вредност. Создал одличен капитал со умни вложувања. Освен во најголемата деловна банка во Македонија, Камбовски поседува и 1.738 акции во ТТК Банка. Нивната последна пазарна вредност е околу 40.000 евра.

Информацијата за тоа колку акции Камбовски поседува беше објавена овој месец на берзанскиот информативен сервис СЕИ-НЕТ. Тоа беше дел од законската обврска за објава на податоци за лице кое членува во надзорен одбор на банка. Камбовски е член на огранот за надзор на работата на управниот одбор во ТТК Банка.

Камбовски иако врвен правник и експерт – кривичар има корисни и применливи знаења и од областа на финансиите. Неговите вложувања во акции на „Комерцијална банка“ пред два месеци му донеле добивка од 50.000 евра дивиденда од добивката што банката ја распредели на своите вработени од ланското работење. Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?