10 Мај, 2024
0.0263

Кој е човекот кој ги расчисти дивите тезги од Бит-пазар, ја доведе во ред Пластичарска улица и ги избрка бостанџиите од улиците

Објавено во: Економија 07 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Мирослав Богдановски е избран за нов раководител на градскиот Инспекторат на Скопје а пред себе во својата програма како активист за сочувување на животната средина си поставува за цел да придонесе преку оваа функција за одржливиот развој и оздрава околина.

Конкретно, смета дека е потребно да се зголеми бројот на инспектори и да се формира еколошка или комунална полиција со зголемени надлежности.

Итни реформи на градскиот Инспекторат за поголема ефикасност, негова транспарентност и достапност до граѓаните за да биде вистинска алатка преку која граѓаните ќе можат да ги остварат своите права, се само дел од суштинските предизвици што пред себе си ги поставува новиот раководител на Секторот инспекторат на Град Скопје.

Како што информираат од Град Скопје, на оваа позиција Богдановски доаѓа од Агенцијата за просторно планирање, каде што работел 10 години, а една година бил и директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Богдановски е магистер по економски науки и долгогодишен активист за заштита на животната средина, активно вклучен во неколку здруженија и иницијативи со искрена желба и амбиција да придонесува за одржлив развој и почиста и поздрава околина.

– За да се отстранат пречките во работењето со кои се соочува овој Инспекторат, веќе поднесовме иницијативи за промена на одредени закони од областа на патниот сообраќај и од комуналната сфера, вели Богдановски.

Инспекторатот во изминатиов период, додава, спровел и конкретни акции за расчистување на јавните површини.

– Во текот на изминативе денови спроведовме акции за расчистување на јавните површини од препродавачите на сезонско овошје и зеленчук. Долгогодишниот проблем, на пример, што постоеше со препродавачите на улицата Брадфордска го решивме, а ги расчистуваме јавните површини и на Бит-пазар и на булеварот Трета македонска бригада. Ваквите акции ќе бидат се почести за да се воведе ред на јавните површини. Во таа смисла и во интерес на граѓаните и на заштитата на околината, во наредниот период ќе се посветиме на делот кај Зелениот пазар, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарската улица). Нелегалните препродавачи деновиве постојано ги опоменуваме за да ги отстранат производите од јавните површини, но потоа,  доколку тоа не донесе резултат, тогаш ќе преземеме законски мерки. За успешно и ефикасно извршување на работата на инспекторите и на комуналните редари, кои работат во смени, ќе се организира и нивна соодветна едукација, информира Богдановски.

За да се реши долгогодишниот проблем со препродавачите на сезонска стока на јавните површини градскиот Инспекторат во соработка со Секторот за планирање и уредување на просторот, бараат решение со кое на продавачите ќе им се овозможи легално да ја продаваат својата сезонска стока.

Тој додава дека работата на јавните градски претпријатија во наредниот период ќе биде ставена под зголемена контрола од Град Скопје, и дека ќе се проверува нивното доследно извршување на задачите и надлежностите што ги имаат. Комуналните редари, пак, ќе добијат соодветна работна опрема со амблем на Град Скопје со што ќе бидат препознатливи, а се верува дека така ќе им се олесни и извршувањето на нивните задачи.


Можеби ќе ве интересира

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија