29 Април, 2024
0.0364

Кој е главниот дрматор на Македонската берза?

Објавено во: Економија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Фондот МБИ-10 за неполни 6 месеци вложи околу 4 милиони евра во акциите од индексот МБИ-10 на Македонската берза. Вредноста на неговиот удел за период од 3 април до 18 септември порасна за 13,4 отсто, а во исто време вредноста на индексот МБИ-10 порасна за над 18 отсто. Ќе ја направи ли овој пример берзата поатрактивна?

Инвестицискиот фонд „МБИ10“ на друштвото КБ Публикум се наметнува како клучен маркет мејкер на македонскиот пазар на капитал во овие пет месеци од неговото основање. Имено вредноста на фондот, од кој барем 90 отсто се вложувања во акции од индексот МБИ-10, надмина 219 милиони денари за пократко од 6 месеци, а цената на уделот достигна 113,4 денари за 18 септември годинава. За споредба стартната цена на уделот во овој фонд на 1 април годинава кога фондот и стартуваше беше 100 денари за еден удел. За пократко од шест месеци вредноста на уделот на овој фонд порасна за 13,4 отсто што е сосема солиден раст во споредба со другите инструменти расположливи за вложување. Секако во споредба со каматите на орочените депозити овој принос е повеќе кратно повисок.

Зошто расте вредноста на уделот во фондот МБИ-10

Динамиката на вложување покажува дека друштвото , во зависност од динамиката на својата стратегија, во конктинуитет вложува свежи пари во купување на најквалитетните акции од кои е составен МБИ-10. Податоците кои ги објавува фондот и друштвото кое управува со фондот покажува дека од почетокот на август досега во повеќе наврати се вложувани свежи пари во акции со кои се зголемува портфолиото на фондот. Неговата вредност на почетокот на април изнесуваше 1 милион евра, а сега изнесува околу 3,5 милиони евра. 

Фондот во повеќе наврати вложува во акции, а од достапните податоци се гледа дека најзначајни вложувања има во четири наврати кога во период од ден во ден вредноста на фондот драстично растела. Прв значаен раст има при споредба на 19 и 20 јули кога вредноста на фондот пораснала за 13 милиони денари и прв пат надминува 100 милиони денари. Вториот значаен „шприц“ на свежи пари е на следниот ден односно на 21 јули кога вредноста на фондот расте за 22 милиони денари и достигнува 122,8 милиони денари. Наредната недела на 28 јули фондот ја зголемува вредноста за нови 6 милиони денари, а на 4 август во споредба со претходниот ден за нови 28,4 милиони денари до ниво од 159,9 милиони денари. Во периодот од 4 до 24 август вредноста на фондот континуирано расте до 173,4 милиони денари. Токму тогаш на 25 август фондот бележи рекорден дневен раст во својата кратка историја и неговата вредност за еден ден се зголемува за 48 милиони денари и достигнува 211,4 милиони денари. Последната вредност на фондот е 219 милиони денари од 18 септември годинава.

Како МБИ-10 реагира на растот на Фондот МБИ-10

Во истиот период од почетокот на април до сега вредноста на МБИ-10 , која е одраз на цените на десетте најдобри акции, порасна за 417 индексни поени што претставува раст од 18,5 отсто на неговата вредност во дадениот период. Очигледно е дека делувањето на фондот МБИ-10 позитивно влијаеше врз цените на акциите на официјалниот пазар, а особено на десетте акции од кои е сочинет берзанскиот индекс МБИ-10.

Останува да се види како во иднина ќе делува овој институционален инвеститор кој засега се наметна како прв и единствен институционален инвеститор што е фокусиран на акциите од МБИ-10. Многу е веројатно да се очекува дека ценовните нивоа на акциите ќе станат поотпорни на корекции заради тоа што фондот нема да дозволува значајни негативни ценовни отстапки. Овој фонд позитивно влијаеше на стабилизација и на раст на ценовните нивоа и тоа во ек на летниот период кој по „дифолт“ е време за поевтини купувања. Но ова лето не беше токму така. Значајни ценовни растови имаа цените на акциите на „Алкалоид“, „Гранит“ и особено на „Македонијатурист“. Тука се и цените на акциите на „Комерцијална банка“, Стопанска банка Скопје“, „Стопанска банка Битола“ и на НЛБ Банка Скопје. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега