19 Мај, 2024
0.0317

КОЈ Е ПО КАБАЕТ, РЕМЕДИКА ИЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО? Додека процедурите траат со години, болницата оперира крајници без дозвола

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Со денови наназад не стивнуваат коментарите во однос на работењето на приватната општа болница Ремедика, и покрај забраната за вршење на здравствена дејност надвор од дозволата за работа на Министерството за здравство. Откако Фокус го обелодени скандалот, основното прашање во јавноста е кој е поголемиот виновник, дали болницата или Министерството за здравтво кое е надлежно за издавање на решението. За да дадеме јасни одговори, Фактор стапи во контакт со генералната директорка на приватната општа болница, Ремедика, Елица Јорданова, а истовремено побара и одговори од Министерството за здравтво.

Во телефонска изјава за Фактор, Јорданова рече дека станува збор за хајка.

-Ние имаме решение за општа болница за што комплетно ги исполнуваме условите, а веќе подолго време бараме од Министерството за здравство и проширување на нашите здравствени дејности, бидејќи имаме и услови, односно и опрема и стручен кадар. За жал, процедурата сè уште е во тек, но се надевам дека накоро целиот процес ќе заврши, рече Јорданова.

Извори на Фактор потврдуваат дека според основната дозвола за работа, со каква што единствено располага „Ремедика“, всушност не смее да врши здравствена дејност од неколку клучни области.

-Една од здравствените дејности за кои „Ремедика“ има забрана за вршење е уво, нос и грло, иако таму се изведуваат операции на крајници, на пример. Оваа состојба трае со години, но спорен момент е тоа што Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по последната контрола од лани нема повторно влезено во „Ремедика“ за да види дали нешто се променило. Ако по два инспекциски надзори, едно по друго, нема промена на решението, а установата ги врши здравствените дејности за кои има забрана, тогаш следуваат санкции. Доколку и по санкциите се утврди истото, тогаш ДСЗИ мора да го извести министерот и следува одземање на дозволата за работа. Во овој случај, некој дозволува болницата да работи „на диво“, брифира изворот на Фактор.  

Инаку, во последниот извештај на ДСЗИ кој го објави Фокус се наведува се наведува:

„Ова решение останува на сила се додека не се обезбеди одобрение за проширување за вршење на здравствената дејност од областа на урологија, ортопедија, тораковаскуларна хирургија, детска хирургија,уво, нос и грло, невропсихијатрија, дерматовенерологија, физикална медицина. Со оглед на тоа дека по извршениот вонреден инспекциски надзор на ден 08.08.2022 година е констатирано дека нема промена во однос на решението издадено од Министерството за здравство, продолжува да важи забраната за работа за горенаведените дејности, кои не се опишани во основна дозвола за работа“.

Фактор постави конкретно прашање до Министерсвтото за здравство, кое како надлежна владина институција ги издава решенијата за вршење здравствена дејност, и тоа гласи:

Дали во моментов Ремедика работи „на диво“?, но конкретен одговор не добивме.

Она што ни е потенцирано е дека во Министерството за здравство во тек се постапки во врска со Приватната здравствена установа - Општа болница „РЕ-МЕДИКА“, што се однесуваат на прераспоредување на условите за вршење на дејноста на болницата, проширување на дејноста и реорганизација на условите.

-Во зависност од видот и нивото на здравствена заштита, дел од дејностите се организираат во содржина на специјалистичко-консултативна здравствена дејност со дневна болница за одредени делови од дејноста, а дел се организираат како специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност, во целина. Во зависност од видот на дејноста, карактерот и содржината на дејностите, потребните услови за вршење здравствена дејност за сите видови здравствени установи се пропишани со Законот за здравствената заштита и со Правилникот за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствената дејност во здравствените установи. Покрај потребните општи услови што важат за сите видови здравствени установи, во Законот и Правилникот се пропишани минималните услови кои треба да се исполнуваат, соодветно на видот на здравствена установа, за секоја дејност и ниво на здравствена заштита.

Во однос на специјалистичко-консултативната здравствена дејност со дневна болница постапката за обезбедување докази е завршена, предметот е во процедура на обработка во целина со доставената документација и изработка на соодветните акти согласно и во рамките на позитивните прописи.

Во однос на болничката здравствена дејност и вкупното прераспоредување на условите за вршење на дејноста, со оглед на тоа што се работи за пообемен предмет на работа и комисија која треба да опфати повеќе области и делови од дејноста, во тек е утврдување на фактичката состојба во однос на просторот и опремата за вршење на дејноста, за што во Министерството за здравство веќе е формирана редовна комисија која врши увид за исполнетост на условите за вршење здравствена дејност, со цел да се утврдат условите и фактичката состојба во целина и да се издаде правилно и законито решение.

Анита Буховски

ФОТО: МИА и Ремедика/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“