Кој е советникот од ВМРО ДПМНЕ што призна вина за „шамарите во Центар“?
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017
Во судот по неколку одложувања денес почна главната расправа за случајот „шамари во Центар“.
Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека не се чувствува виновен за случајот, а исто како него кажаа и екс министерот Миле Јанакиески, и актуелната пратеничка Даниела Рангелова.
Сепак, за разлика од нив судот го слушна признавањето на вина од страна на претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров.
„Да, се чувствувам виновен од оваа временска дистанца и се каам за истото“, рече Лазаров во судот.
За него специјалната обвинителка Фатиме Фетаи бара да се издвои постапката а судијката Татјана Михајлова, одлучи да се раздвои постапката за Лазаров и да му се суди посебно.