06 Мај, 2024
0.0308

КОЈ Е ВЕС МИЧЕЛ: Наследник на Нуланд, експерт за НАТО и голем критичар на Путин

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Во земјава денеска доаѓа уште еден висок претставник од Америка.

Вес Мичел кој ја наследи Викторија Нуланд извесно е дека доаѓа да даде силна поддршка за референдумот како голем поборник за НАТО.

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија на функцијата дојде лани во октомври.

И покрај тоа што има само 31 година и што му замеруваат поради недостатокот на искуство во „државните работи“, Мичел веќе успеа да стекне добра репутација во дипломатските кругови. Познат е како остар критичар на руската политика и претседателот Владимир Путин.

Мичел со години работел во невладиниот сектор, односно во Центарот за анализа на европските политики (ЦЕПА). Мичел го сметаат за најзаслужен за тоа што ЦЕПА во 2015та обезбедила договор со Пентагон за изработка на студија која поддржува приближување на НАТО поблиску до Русија, како би се заштитиле Полска, Литванија, Естонија и Летонија“.

Американските медиуми ги пренесуваат ставовите на Мичел дека владите на Русија, Кина и Иран сакаат да ја предизвикаат „американската моќ“ а Мичел затоа се залага дека одговорот на САД треба да биде јакнење на меѓународните сојузи.

Експерт е за НАТО и трансатлантски односи, а често пати кога доаѓаше во регионот велеше дека САД и ЕУ имаат иста цел кога станува збор за Балканот а тоа е реформиран Балкан на патото кон Европската унија.

Дипломирал на државниот технички универзитет во Тексас, магистрирал надворешни работи на Универзитетот Џорџтаун, а докторирал на Фрај Универзитетот во Берлин.

Каква порака денеска ќе испрати помошник државниот секретар на Америка ќе слушнеме подоцна во текот на денот по средбите со премиерот Заев, со министерот Димитров и со собранискиот претседател Џафери.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски