27 Април, 2024
0.0300

Кој ги „лапа“ парите од бизнисот со учебници?

Објавено во: Економија 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

16 милиони евра е сумата која државата ја платила за учебници за основно и за средно образование државата од 2016 година до сега.

Тендерите ги добиле две фирми , покажуваат официјални податоци.

ве компании, осум тендери во три години. Вкупно државата преку Министерството за образование платила 16 милиони евра за учебници и дополнителен дидактички и работен материјал, покажуваат официјални податоци од тендери објавени во 2016 година, 2017 година и годинава.

Двете компании кои како најповолни понудувачи ги добиваат тендерите за учебници за основно образование годинава и лани, а и за основно и за средно образование во 2016 година се: скопската компанија „Арс Ламина“ и тетовската фирма „Арбериа Десигн“. И двете компании имаат позавидна листа на добиени јавни набавки од различни државни инстанци во периодот од 2016 година до 2018 година. А во овие три години и двете компании се добитници на тендерите за учебници.

Кој колкави бизниси добил?

Министерството за образование во 2016 година по добиени тендери склучило договори за учебници во основно и во средно образование со двете компании. Тендерот таа година бил за набавка на учебници за основно и за средно образование. Во идните две години се применува различна пракса затоа што се прават одвоени набавки за основно образование и за средно образование. Во 2016 година „Арс Ламина“ го добива тендерот за 3,91 милиони евра, а „Арбериа Десигн“ за 2,67 милиони евра. Таа година двата тендери ја чинат државата 5,32 милиони евра. Лани тендерот за учебници за основно образование и дополнителни материјали го добиваат истите комапнии. „Арс Ламина“ склучува договор вреден 2,03 милиони евра, а „Арбериа Десигн“ го добива бизнисот за 1,65 милиони евра. „Арс Ламина“ лани го добива и тендерот за учебници за средно образование во вредност од 425.700 евра. За оваа година за претстојната учебна сезона повторно добиваат овие две компании за учебници и додатен материјал за основно образование. „Арс Ламина“ склучува договор на 2,9 милиони евра, а „Арбериа Десигн“ склучува договор за 2,42 милиони евра. Дополнително „Арс Ламина“ има договор и за учебници за средно образование вреден 106.250 евра.

Вкупно во три години за четири тендери „Арс Ламина“ од државата добива договори вредни 9,26 милиони евра, а „Арбериа Десигн“ склучува три договори за учебници за основно и за средно образование во вредност од 6,74 милиони евра. Бизнисот на двете компании со Министерството за образование од 2016 година до сега по основ набавка на учебници за основно и за средно образование е 16 милиони евра.

Од јавната база на податоци од тендери на Министерството за образование може да се види, во кластерот за 2016 година, дека двете компании во повеќе наврати добивале тендери за превод со откуп на авторски права, редактура, лектура и печатење на учебници и за високо образование. „Арбериа Десигн“ е добитник на 25 тендери во вредност (според базата достапна преку агрегаторот time.mk) која надминува 1,4 милиони евра. За истата работа „Арс Ламина“ според истиот извор на податоци има склучено 23 договори во вредност што надминува 1,3 милиони евра. 

Р. Ф.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра