Кој инвеститор во Струга ќе истури три милиони евра за козметичка фабрика
Објавено во: Економија 07 Септември, 2018
Три милиони евра е сумата за инвестиција во ТИРЗ помеѓу Охрид и Струга која доаѓа од американската компанија „Reci & Sons Enterprise“.
Компанијата која работи во делот на козметиката во земјава предвидува да вработи 250 лица на старт, а таа бројка треба да расте до 700.
Според инвеститорот Арбнор Речи производите за лична хигиена што ќе се произведуваат овде, освен во Европа очекува да се извезуваат и низ целиот свет.
Според него тоа е можност младите да останат дома и да не бараат работа по странските ветени земји.
„Оваа инвестиција е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот“ , посочил Арбнор Речи.
Инвестицијата на „Reci & Sons Enterprise“ е десета американска во Македонија и е инвестиција на прв иселеник од дијаспората.