КОЈ ЌЕ ГО СОВЕТУВА ПРЕМИЕРОТ: Објавени дел од новите советници
Објавено во: Македонија 07 Април, 2022
Деканот на Економски факултет, Предраг Трпески, професорот Ванчо Узунов, актуелниот директор на Шпаркасе банка Глигор Бишев. Ова се дел од советниците на премиерот Димитар Ковачевски, објави Фокус.
Медиумот ги обелоденува и другите советници, а ќе има вкупно 15. Меѓу нив и Професорот на Факултетот за електротехнички и информациски технологии, Антон Чаушески, кој ќе биде советник за енергетика.
Инаку на листата надворешни соработници која е јавна и стои на интернет страницата на Владата има и други имиња кои и сега се ангажирани, најверојатно и ќе останат.
На листата советници според Фоксу остнуваат и Едмонд Адеми (надворешни работи), Исмет Рамадани (евроатлански вредности), Нина Фити (финансии), Драган Василевски (одбрана) и Ана Данева Марковска, надворешен соработник за здравство.