03 Мај, 2024
0.0262

Кој ќе ја облече АРМ за 900.000 евра?

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Турски униформи за македонските војници во АРМ. Тоа е епилог на највредниот тендер на Министерството за одбрана во 2018 година. Ќе се набават 14.000 воено теренски униформи. Тендерот го доби штипската фирма „Дона М“, а ткаенината и конфекционирањето се од турска фирма од Истанбул

Министерството за одбрана ќе набави 14.000 комлети воени теренски униформи за своите војници, договорот е вреден 887.600 евра со ДДВ, а рокот на договорот е една година од неговото склучување. Министерството за одбрана ќе набави по 14.000 парчиња војнички панталони, палта и капи за потребите на македонскиот унифирмиран армиски состав. Еден комплет униформа чини 53,7 евра без ДДВ, а од тоа војничкото палто чини 23,5 евра, војничките панталони 25 евра, а капа чини 5,3 евра.

Тендерот го доби штипската фирма „Дона М Добре Митев ДООЕЛ“, а договорот го потпишаа министерката Радмила Шекеринска и Сузана Цафовска, одговорнот лице во „Дона М“. Ова е најголемиот тендер во календарската 2018 година шо го распишало Министерството за одбрана, покажуваат официјалните податоци достапни на агрегаторот time.mk.

Во достапните јавни податоци се гледа дека на овој тендер биле доставени пет понуди, клучен критериум била најниска цена, но тендерот не бил деллив. Нависоката понуда надминувала 65 милиони денари, а најниската доставена понуда 51,65 милиони денари. По спроведената електронска аукција добила штипската фирма со понуда од 46,27 милиони денари, а со вклучен ДДВ вредност од 887.600 евра.

Повеќе детали за договорот може да добиете на следниот линк .

Министерството за одбрана договорот со штипската фирма „Дона М“ го склучило на 18 декември лани. Дозволено е, откако ќе биде проверен и одобрен квалитетот, набавките да се вршат сукцесивно во три тури и тоа првите две по 3.500 комплети и третата тура 7.000 комплети униформи. Плаќањето е комибинирано и тоа 20 отсто аванс по доставена банкарска гаранција и останатите 80 отсто до 30 дена по доставената целосна количина на нарачката.

Војничките униформи се „мејд ин Турки“

Во договорот пишува дека штипската фирма изработката на ткаенината и конфекционирањето ги отстапува на турска компанија „Киванч Кимја“ која воедно е и производител на ткаенината и конфекционер на елементите од воено теренската униформа (палто, панталони и капа)


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија