01 Мај, 2024
0.0356

Кој ќе заслужи амнестија од затвор?

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Долго време група од припадници на семејствата на осуденици во Идризово од различни судски случаи апелираа да се донесе закон за амнестија бидејќи дел од нив сметаат дека нивните блиски се неправедно и нечесно осудени, додека пак други говореа за ужасните услови во затворот каде често има смртни случаи, злоупотреби, трговија со дрога и се полоши стандарди. 

Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците повеќе од две години излегуваше и на протести пред Собранието, а ова движење се повеќе се зголемуваше, но ретко кој би претпоставил дека ќе добие така силна политичка поддршка. Владата на вчерашната седница донесе одлука да ја започне процедурата за носење на нов закон за амнестија за што ќе биде подготвен соодветен предлог за кој веќе се познати основните контури.

Во Македонија долго време има тврдења за политички затвореници кои се нотирани и во извештаите на меѓународните организации за заштита на човековите права. Се говори и за монтирани случаи во кои претходната власт или ги наметнуваше своите каприци или пак ги користеше за маркетинг пред јавноста за наводната силна борба со корупцијата иако истите предмети правно беа очајно оценети. 

Засега не може да се говори колкав број на затвореници би биле опфатени со амнестијата но, секако истиот чекор може и да ја вознемири јавноста. Затоа треба да се гарантира и посебен правен метод на дистинкција на затвореници кои ги исполнуваат условите за амнестија од тие кои го прекршиле законот и ја добиле заслужената казна. 

Со законот не се предвидува амнестија за луѓе кои се правосилно осудени на казна доживотен затвор,  за сторители на убиство, и сторители на кривични дела против избори и гласање. Законот не предвидува амнестија и за кривични дела против половата слобода и половиот морал како што се силување и педофилија и кривични дела против државата. Амнестија нема да има ниту за кривичните дела злосторничко здружување и дела против човечноста и меѓународното право . 

Змиско око, Шпион, и Ликвидација, се дел од случаите за кои јавноста најмногу беше загрижена дека се прекршени основните човекови права за фер судење, но такви примери има многу повеќе. Тука се и Љубе Бошковски и Велија Рамковски кои добија многу строги затворски казни за делата кои се осудени. Секако, освен затвореници каде има политички мотиви со законот може да бидат опфатени и затвореници кои добиле превисоки казни за помали прекршоци, како и тие кои одлежале поголем дел од својата казна.


Можеби ќе ве интересира

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Силјановска Давкова: Мојот сопруг се однесува како тој на Ангела Меркел

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Мандатот за составување Влада ќе го дава новоизбраниот претседател

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски