11 Мај, 2024
0.0236

Кој менаџер доби награда од 27.900 евра и не го крие тоа?

Објавено во: Финансии 06 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Дали „Тетекс“ заслужува награда за транспарентност од Македонската берза за тоа што секогаш ги објавува износите за награда за успешност на својот генерален директор?

Најпознатиот македонски текстилен бренд „Тетекс“ на својот генерален и извршен директор Глигорие Гоговски ќе му додели награда за успешно работење во износ од 27.900 евра, пишува во предлог одлуката за која ќе гласаат акционерите на компанијата. Наградата ќе биде доделена за успешно работење на „Тетекс“ во 2018 година кога оваа компанија освари добивка по оданочување во износ од 600.000 евра. Гоговски и „Тетекс“ уште еднаш им дадоа пример на другите големи директори и компании во нашата земја за тоа како се работи трансапентно и одговорно и како се јакне и гради корпоративна практика на транспарентно работење. 
На овој принцип на работа на Гоговски и на „Тетекс“ внимание може да посвети и Македонската берза за хартии од вредност и да го стави „Тетекс“ во конкуренција на  компании кои ја добиваат наградата „Кристално ѕвоно“, а која се однесува на транспарентноста на компаниите и се доделува на компании чии акции котираат на берзата, а важат за многу транспарентни. Факт е дека од компаниите кои од 2012 година па до 2017 година го добиле „Кристалното ѕвоно“ само НЛБ Банка објавила колкава награда за успешно работење добил нејзиниот прв човек (независно дали модусот е со предлог одлука за собрание или е дел од годишниот извештај).

Гоговски е долгогодишен прв човек на „Тетекс“ и успешно ја води оваа компанија во драматичните транзициски години, а и сега во пост транзицискиот период. Гоговски е за пример особоено заради тоа што во последниве четири години редовно предлага и обезбедува дивиденда за сите акционери на компанијата од кои голем број се сегашни или поранешни вработени. „Тетекс“ за периодот од 2016 до 2018 година додели бруто дивиденда што надминува 600 денари.

Кај „Тетекс“ интересно е тоа што во неговата акционерска структура 95 отсто од акциите ги поседуваат домашни физички лица и тоа значи дека огромен дел од дивидендата завршува кај домашни физички лица. Акционерите на „Тетекс“ веројанто се меѓу малкумината сопственици на акции по завршениот процес на приватизација кои гледано на долг рок остваруваат солидни приноси од дивиденди и нивните акции имаат солидни пазарни цени.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди