Кој не сака српска енклава на Косово?
Објавено во: Балкан 01 Февруари, 2023 11:54
Британската влада нема да го поддржи формирањето на српска енклава во Косово.
Комитетот за надворешни работи на британскиот парламент разговараше за ситуацијата на Западен Балкан и политиката на Лондон. Претседателот на тој комитет Алиша Кернс изјави дека британската влада нема да го поддржи формирањето на „српска енклава“. Кернс рече „дека е загрижена поради француско-германскиот предлог за создавање енклава во стилот на Република Српска на Косово и Метохија“.
„Дали владата може да потврди дека се противи на вкоренување на етнонационализмот на Балканот? И дали во оваа смисла ќе ја блокираме Република Српска да собира пари на Лондонската берза, бидејќи тоа е исклучиво за финансирање на овие сецесионистички планови и амбиции?“, рече Кернс.
Амбасадорот на САД во Приштина, Џеф Ховениер, на својот официјален профил на Твитер се огласи по средбата одржана во Амбасадата во врска со формирањето на Заедницата на српските општини, на која присуствуваа претставници на српската и албанската заедница од Владата, опозицијата и граѓанскиот сектор во Косово.
„Денеска одржавме расправа за Заедницата на општини со српско мнозинство. Благодарни сме на различните присутни засегнати страни што ги споделија нивните ставови и експертиза. Продолжуваме да се залагаме за спроведување на сите заложби од дијалогот“, напиша Ховениер.
Српската листа вели дека ЗСО „е институција потребна за опстанок на српскиот народ, а не нечиј каприц“.
Српската редакција на „Еуроњуз“ денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




