Кој планира атентат на Ким Џонг Ун?
Објавено во: Свет 18 Септември, 2017
Јужна Кореја деновиве јавно зборувала за план за атентат на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун.
Во средиштето на тие планови е единицата „Спартан 3000", пишува New York Times. Јужна Кореја открила дека таа единица планира да ја оформи до крајот на годината, а би ја сочинувале меѓу 2.000 и 4.000 војници.
Се работи на прилагодување на хеликоптер и транспортни летала за пенетрација на севернокорејскиот воздушен простор во текот на ноќта, открил за тој американски весник Сонг Јунг-Мо, јужнокорејски министер за одбрана.
„Најдобриот штит кој можеме да го имаме, освен поседувањето на нуклеарно оружје, е стравот на Ким Џонг Ун"- изјавил пензионираниот генерал на јужнокорејската војска, Син Вон-Си.
New York Times објавил детали за три воени програми кои ги вовела Јужна Кореја, директно насочени кон севернокорејската опасност. "Kill Chain" е програма насочена на детектирање на закани за бомбардирање од Северна Кореја и преземање на превентивен удар. Вториот е корејскиот воздушен и ракетен одбранбен програм, а третиот е Корејскиот програм за одмазда, во кој спаѓа единицата „Спартан 3.000".
Повеќето Јужнокорејци се противат на предизвикувањето на нестабилниот сосед, но владата е во незгодна ситуација.
Воениот буџет на Јужна Кореја би требало да порасне од 2,4 проценти од БДП на 2,9 проценти.
Јужнокорејските разузнавачи велат дека Ким почнал да ги користи автомобилите на своите соработници како мамки, додека патува низ земјата.