Кој плати 110.700 евра за 38.000 акции во „Макошпед“?
Објавено во: Економија 10 Септември, 2018
„Макошпед“ за првите шест месеци годинава има профит од од 90.000 евра а деновиве во блок трансакција некој си купи 38.000 акции за 110.700 евра .
Според податоците тоа се околу 4,8 отсто од акционерската главнива и ако веќе немал претходно акции во оваа компанија името на новиот акционер за јавноста ќе остане тајна. Зошто купил?
Многу е веројатно дека новиот сопственик ќе остане непознат за јавноста затоа што купената количина акции е под 5 отсто од сите акции што пак е услов нов акционер да биде впишан во јавниот регистар на акционери кои поседуваат најмалку 5 отсто од акциите, согласно со позитивната законска регулатива што ја регулира оваа област.