КОЈ ПЛАТИ НАД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА - блокови со акциите на една нафтена компанија, за цена не се прашува
Објавено во: Економија 14 Јуни, 2024 10:55
Вчера беа објавени две блок трансакции со акциите на нашата најголема нафтена компанија „Макпетрол“, од кои едниот на прилично значаен износ.
Двата блока биле на различни количини, но акциите се продале по иста цена.
Всушност, на првата блок трансакција се продале 200 акции по цена од 84.000 денари за акција, што значи дека некој за овие акции вкупно платил над 273 илјади евра.
Вториот блок бил помал, односно поминале 32 акции, по истата цена, па вредноста на оваа трансакција е околу 44 илјади евра.
Дали е истиот купувач, или се двајца различни на двата блока, засега не е познато.
Но, факт е дека компанијата секогаш транспарентно известува доколу дополнителни акции купиле или позначајните акционери, или од раководниот тим на компанијата.
А, во текот на вчерашниот ден, кога се реализираа блок трансакциите, раст доживеа и цената на акцијата на „Макпетрол“ на редовниот пазар, па таа достигна уште повисока цена од онаа на блокот, односно 84.237 денари по акција. Притоа треба да се има предвид дека еден ден претходно акцијата на оваа нафтена компанија се продавала по прилично пониска цена од 81.896 денари. Тој ден односно завчера се истргувале 124, а вчера само 27 акции на нафтената компанија.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




