12 Мај, 2024
0.0336

КОЈ ПЛАТИ 270 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 1.000 АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА - нова блок трансакција со најголемата банка во земјава

Објавено во: Финансии 06 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Повторно на Берзата помина блок трансакција со акциите на Комерцијална банка. 

Трансакцијата се случила во текот на вчерашниот ден, и овој пат станува збор за малку посериозен акционерски пакет, но и сума што е платена од купувачот кој ги стекнал тие акции.

Или поточно, во текот на вчерашниот ден, биле продадени акции на банката за сума од близу 270 илјади евра, што е далеку поголема количина во споредба со претходните блок трансакции, а кои, за волја на вистината, зачестија во последниов период.

Или попрециозно, на блок трансакцијата се продадени за познат купувач 1.000 акции на Комерцијална банка, по цена од 16.500 денари за акција. Или, вкупниот износ е 16.500.000 денари, што е рамно на 268 илјади евра.

Ако се има предвид колку вкупно акции има издадено нашата најголема банка, станува збор за мал процент од околу 0,04 отсто, што е помал пакет, но сепак поголем од досегашните.  

Засега нема информации кој е купувачот на овој акционерски пакет што за него плати сума од 270 илјади евра. 

Како што веќе пишуваше Фактор, и минатата недела поминаа две блок трансакции со акциите на Комерцијална банка. Во едната блок трансакција се продадени за познат купувач на банката акции за сума од 90 илјди евра, додека во другата трансакција за износ од 69 илјади евра. Во едната трансакција се продадени 344 акции по цена од 16 илјади денари за акција, додека во другата 265 акции по цена од 15.900 денари за акција.

Комерцијална банка е најуспешна банка во земјава за минатата година, со остварен профит од над 58 милиони евра. 

Единствен акционер што има пакет од над 5 отсто во таа банка е Адора на Ванчо Чифлиганец.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор