08 Мај, 2024
0.0250

КОЈ ПРЕСЕКУВА: Филипче на сите им кажа кога може да има избори

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Датум за избори ќе има само кога ќе одобри Комисијата за заразни болести. Сите предлози се даваат врз основа на стручни аргументи, анализа на вкупниот број и бројот на новодијагностицирани пациенти.

Ова денеска на својот фејсбук профил го напиша министерот за здравство Венко Филипче, со што ги расчисти дилемите кои денеска ги отворија двете најголеми ривалски политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. 

А партиите денеска ја зовреа атмосферата околу тајмингот кога треба да се договори изборното соочување.

СДСМ сака, а ВМРО-ДПМНЕ е против избрзано јунско изборно соочување.

Ако досега од владејачката СДСМ срамежливо и тивко разговараа на тема избори, денеска како да ги отворија картите. Сметаат дека парламентарните избори треба да се одржат веднаш штом ќе биде совладана пандемијата со коронавирусот.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, по денешната онлајн координација со шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ, соопшти дека од здравствен аспект, најдобро е изборот на новиот македонски парламент и на новата македонска политичка влада со целокупна одговорност, да се случи во период кога короновирусот е совладан, но и пред евентуална нова закана од повторно ширење на вирусот.

Датумот би се одредил веднаш штом здравствените работници ќе ја прогласат победата над коронаврусот.

Јуни не се споменува како термин, но во јавноста се погласно се шират информациите дека социјалдемократите типуваат на јунско одмерување на силите.

А ВМРО-ДПМНЕ не чекаше многу за д им се спротивстваи на политичките опоненти. Остануваат на ставот дека изборите во овој момент воопшто не треба да бидат тема на разговор. Форсирањето избори според опозицијата е нечовечки и недостоинствено.

„Како ВМРО-ДПМНЕ сме кажале, еве ќе повторам, воопшто во приоритетите ги нема изборите и навистина кажав станува дегутантно, нечовечки е, недостоинствено ова што го прави СДСМ во овој момент. Луѓе секој ден се за жал заболуваат од корона вирус, луѓе умираат а тие да зборуваат за избори навистина ова е едно однесување кое што е надвор од секоја пристојност и не би сакал дополнително да коментирам“, рече Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава