27 Април, 2024
0.0273

Кој си купи акции во „Комерцијална банка“ за 851.000 евра?

Објавено во: Економија 16 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска  е можно да стане јавен податокот кој купи 10.000 акции за 851.000 евра во една блок трансакција на 6 јули и тоа ќе се случи ако купувачот со тие акции стане сопственик на повеќе од 5 отсто или можеби „Адора Инженеринг“ ги купила за да ја зајакне својата и така доминантна позиција?

„Комерцијална банка“ продолжува да биде во фокус на интерес на инвеститорите на македонскиот пазар на капитал. Денеска е можно да добиеме информација кој е новиот акционер во таа банка кој вложи 851.000 евра во акции откако на 6 јули купи 10.000 акции ( 4,4 отсто) од акциите со право на глас по цена од 5.250 денари за акција. 

Според актуелната состојба на акционерската структура во „Комерцијална банка“ која важи до 16 јули оваа компанија има само еден акционер кој е во книгата на јавни сопственици на акции. Тоа е скопската градежна компанија „Адора Инженеринг“ која има 8,11 отсто од акциите. Во банката има 4.522 физички лица кои поседуваат 40,87 отсто и 313 правни лица кои заедно поседуваат 51,9 отсто од кои најголем е „Адора“ која поседува 8,11 отсто. Учеството на странските инвеститори е незначително затоа што вкупно 119 правни и физички лица поседуваат 7,12 отсто од управувачките права во банката.

Доколку станува збор за еден купувач и тој веќе имал акции во „Комерцијална банка“ со последната блок трансакција тој ќе стане дел од јавниот регистар ако го исполни цензусот да поседува барем 5 отсто од акциите во банката. Доколку има промена во структурата „Фактор“ навремено ќе извести.

Очигледно е дека „Комерцијална банка“ е предмет на консолидација во акционерска смисла на зборот. Затоа што видливо е дека има трансакции со големи количества акции и тоа значи дека тече процес на окрупнување на сопственост во таа голема македонска банка.

Како што веќе пишувавме од крајот на првиот квартал досега интензивно во акции на „Комерцијална банка“ инвестираше „Адора Инженеринг“ која според наши слободни проценки вложи околу 10 милиони евра и стана најголем поединечен акционер во таа банка. 

Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра