26 Април, 2024
0.7067

Кој вложи 2,26 милиони евра во 2,9 отсто од акциите на „Макпетрол“

Објавено во: Економија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Силен интерес за акцијата на „Макпетрол“ ! Во блок трансакција инвеститор вложи 2,26 милиони евра во 2,9 отсто од акциите на најголемата македонска мрежа за малопродажба на нафтени деривати и една од компаниите со најголеми годишни приходи во земјава. Ако е купувач еден инвеститор кој веќе е акционер во „Макпетрол“ и поседува барем 2,1 отсто, неговото име ќе го дознаеме во понеделник со новата состојба што ќе ја објави Централниот депозитар за хартии од вредност

Не стивнува интересот за акции на „Макпетрол“! На сајтот на Македонската берза за хартии од вредност излезе информација дека во блок трансакција на 13 јули (петок) беа истргувани 2,9 отсто од акциите со право на глас во „Макпетрол“ за сума од 2,26 милиони евра. Во оваа блок трансакција беа истргувани 3.251 акција на „Макпетрол“. Единечната цена по акција изнесува 43.000 денари и тоа веројатно ќе биде стимул за инвеститорите да ја одржуваат пазарната цена на таа акција на вакво ценовно ниво.

Ова беше најголема трансакција со акцијата на „Макпетрол“ од почетокот на годинава досега. Оваа трансакција покажува дека има инвеститор што е спремен да плати над 40.000 денари за таа акција, но и дека е спремен да вложи над 2 милиони евра во акции на таа компанија која има најголема мрежа за малопродажба на нафтени деривати во земјава, а паралелно со тоа е сопствевник на 50 отсто од акциите на ГА-МА компанијата што го поседува преносниот гасоводен систем и која лани оствари профит од 2,27 милиони евра.

Паралелно со оваа трансакција во ист време, но во многу помали количества, акции купува и „Макпетрол“ во сопствен откуп. Согласно со нивната одлука компанијата резервира и полека троши 2,76 милиони евра за акции во сопствен откуп. Последната трансакција е направена во јули и е објавена денеска (вторник 17 јули) и во неа „Макпетрол“ купи 228 акции со право на глас. Досега „Макпетрол“ во сопствен откуп чува 4,1 отсто од сите акции и согласно со законската регулатива може да купува до 10 отсто од сите акции.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9