Кој вложи 900.000 евра во акции на „Комерцијална банка“?
Објавено во: Економија 04 Септември, 2018
Кој е инвеститорот што вложи 900.000 евра во акции на „Комерцијална банка“?
Во блок трансакција минатиот понеделник на Македонската берза по цена од 5.150 денари истргувани се 10.000 акции за промет од 835.000 евра.
Тоа значи дека некој си купи 0,44 отсто од акциите во една од двете најголеми македонски деловни банки, но набрзо стана јасно дека по обновените податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност дека „Адора Инженеринг“ не е купувачот на овој блок акции.