18 Мај, 2024
0.0292

Кој води во трката за претседател на САД?

Објавено во: Свет 20 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Кандидатот за претседател на Демократската партија Хилари Клинтон води пред противникот од републиканците Доналд Трамп со осум процентни поени меѓу веројатните гласачи, според вчерашната објавена анкета на Reuters.

Истражувањето е спроведено помеѓу 14-18 август и покажува дека 42% од Американците ја поддржуваат Клинтон пред изборите на 8 ноември. Поддршката за Трамп е 34%.

Други 23% од веројатните избирачи нема да изберат ниту еден од двајцата кандидати.

Потсетуваме дека пред месец кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон го обвини кандидатот Доналд Трамп дека „слика погрешна мрачна слика за иднината на американското општество“. Изјавата беше за време на Националниот конгрес на демократите, кој се одржува во Филаделфија.

Клинтон објасни дека гледа во Трамп главна закана за безбедноста на САД, бидејќи неговите скриени намери биле да ги подели Американците од остатокот од светот, како и еден од друг, со ширење страв во нив.

Клинтон му вети јавно на американскиот народ дека ќе ја направи економијата своја основна мисија во евентуалното и идно управување и ќе ја изведе до нивото на кое заслужува да биде. Таа најави дека ќе се бори за создавање на повеќе можности и подобри работни позиции во САД.

„Од првиот до последниот ден на функцијата ќе работам за економскиот развој на нашата земја“, истакна кандидат-претседателот.

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп изјави дека ако биде избран за претседател на САД, ќе го разгледа прашањето со признавањето на Крим за дел од Русија, како и укинување на санкциите наметнати на Москва поради ситуацијата во Украина.

„Ќе го разгледаме прашањето, ќе го разгледаме“, изјави Трамп за време на прес-конференција во Флорида.

Генералните избори за претседател на САД се закажани за 8 ноември.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?