Kој е новиот директор на Жито Лукс?
Објавено во: Економија 13 Септември, 2018
После долги години успешно работење и предводење на тимот на Жито Лукс, Рамантанис Димостенис одлучи да се повлече од позицијата Претседател на Управниот Одбор и Генерален Директор на Жито Лукс, стои во соопштение на Македонска берза.
Согласно Решение од Централниот регистaр од 11/09/2018, Николаос Воудоурис е именуван за нов Претседател на Управниот одбор и
Генерален Директор на Жито Лукс АД Скопје.
Господинот Воудоурис има долгогодишно искуство во менаџерскиот тим на
матичната компанија Елбиско, Грција, извршувајќи ја функцијата Главен
Оперативен Директор.