26 Април, 2024
0.0298

Кој зема 3,9 милиони евра од продажба на брза храна?

Објавено во: Економија 21 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Македонската филијала на светскиот гигант за брза храна „Бургер кинг“ лани ја зголемила продажбата во Македонија за половина милион евра и инкасирала 3,9 милиони евра. Компанијата што во земјава работи од 2011 година, лани ја завршила со загуба од 240.000 евра

„Бургер кинг“ во земјава лани направи приходи од продажба во износ од 3,9 милиони евра и книжи раст на продажбата за половина милион евра во однос на 2017 година, покажуваат официјални податоци за македонската компанија на турси „ТАБ Фудс“, компанијата што ја има франшизата на „Бургер кинг“ за Македонија.

Расходите на компанијата лани изнесувале 4,1 милиони евра и тие пораснале лани во однос на 2017 година за половина милион евра. Македонската филијала на турски „ТАБ Фудс“ лани завршила со загуба од 240.000 евра и таа пораснала за 51.000 евра во споредба со 2017 година кога компанијата завршила со загуба од 189.000 евра. 
Лани компанијата вработувала 117 лица, а претходната 2017 година вработувала 5 лица помалку. 
„Бургер кинг“ на македонскиот пазар е присутен од 2011 година кога е отворен првиот ресторан за брза храна на тогаш реновираниот скопски меѓународен аеродром. Основач на македонската компанија која го работи „Бургер кинг“ е турската компанија ТАБ Фудс која ја има франшизата за Македонија меѓу другите земји од нашиот регион за кои е застапник за франшизата на „Бургер кинг“.

Првиот ресторан на „Бургер кинг“ во земјава е отворен на 30 август 2011 година и за неколку дена компанијата ќе слави 8 години работење во Македонија.

„Бургер кинг“ е интернационална компанија за брза храна основана со САД во 1954 година. Ланците на ресторани за брза храна на „Бургер кинг“ се застапени во 74 држави ширум светот на повеќе од 12.000 локации.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра