Која е златната кокошка од Прилеп?
Објавено во: Економија 07 Септември, 2018
За половина година единствената македонска компанија за производство на мермер прокнижила чист профит од 10,8 милиони евра.
Прилепскиот Мермерен комбинат во првите шест месеци од 2018 бележи приход од продажба кој надмина 19 милиони евра покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на таа компанија.
Таа компанија ја зголемила добивката за речиси два пати во споредба со првото полугодие 2017 година а Приходот од продажба за половина година надмина 19 милиони евра и тоа е за 55 отсто повеќе од истиот период лани.