05 Мај, 2024
0.0242

Која институција плати 414.000 евра за струја?

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Градот Скопје е најголемата јавна организација која под своја капа го има најнаселениот регион во Македонија. Токму заради обемот на јавни објекти кои ги алиментира Градот Скопје кон крајот на септември за струја платил 414.000 евра

Цената на електричната енергија на нашиот пазар бележи историски рекорди, што е рефлексија на ценовните дивеења на пазарите за струја во регионот. Сето тоа е последица на бројните неизвесности предизвикани од војната во Украина, економските санкции на ЕУ кон Русија и прекинот на испорака на природен гас од Русија за европските земји.

Пазарните цени на струјата во регионот значајно пораснаа од март годинава (војната во Украина) и не само што се одржуваат високо туку и уриваат рекорди. Македонија е соочена со сите негативни последици од тие ценовни шокови заради тоа што државната компанија за производство на струја ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) не е во можност да стави во функција повеќе од 60 отсто од целиот инсталиран производствен капацитет на термоцентралите.

Високите цени на струјата директно влијаат и врз буџетите на институциите затоа што приоритет мора да се стави на сметките за струја. Тогаш во втор план одат сите други трошоци и вложувања чие подмирување е неопходно за нормално функционирање на организациските единици на државата и на јавниот сектор во кој влегуваат и сите општини во земјава и Градот Скопје како најголема јавна организација.

Тому Градот Скопје е лидер според висината на платена фактура за електрична енергија, според официјални достапни податоци од базата на „Отворени финансии“ https://open.finance.gov.mk/mk/home

Најчесто или речиси без исклучок цените на потрошен мегаватчас струја кои ги плаќаат нашите институции зависат од цените на струјата на ХУПЕКС берзата за струја со седиште во Будимпешта, Унгарија. 

Град Скопје за струја на крајот на септември платил 414.000 евра затоа што за претходниот период цените на берзата биле највисоки. Споредбата со плаќањето реализирано на 2 ноември (овој месец) го потврдува токму тоа – заради пониските цени на струјаа на берзата фактурата била пониска за 136.000 евра односно за една третина. Веројатно за ова свое влијание имале и мерките за штедење кои ги превземање организациските единици со кои управува Градот Скопје.

Голем плаќач на струја во овој период било и Министерството за одбрана чија највисока платена фактура е 406.000 евра, а плаќањето според „Отворени финансии“ било реализирано на 28 септември годинава.

Другата фактура што ја платило буџетскиот корисник Министерството за одбрана на први овој месеци е за 20 отсто пониска и изнесува помалку од 324.000 евра.

Согласно со Законот за јавни набавки сите буџетски корисници објавуваат тендери за избор на снабдувачи за струја. Во текот на октомври најголем снабдувач со струја на буџетски корисници била ЕДС, компанија што е лидер на пазарот со снабдување со струја, а износот што е платени од буџет за сите буџетски корисници кои се снабдувале од оваа компанија е 1,68 милиони евра.   

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите