26 Април, 2024
0.0309

Која македонска фирма со купи-продај сврте 170 милиони евра?

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонската берза има година за памтење. Прометот лани е 169,32 милиони евра. Блок трансакциите донесоа половина од прометот и тоа е очекувано. Но важно е тоа што класичното тргување (кор дејноста на берзата) порасна за 68 отсто во однос на 2017 година и достигна 80 милиони евра. Ова значи дека во значајна мерка домашни инвеститори (физички лица и фирми) одлучиле да вложат во хартии од вредност, а најмногу во акции. Само за потсетување значајно учество во овој промет е вложувањето на неколку домашни фирми во акции на „Комерцијална банка“ минатата пролет

Убедливо најтргувана акција лани била „Комерцијална банка“ со вкупен промет што во класично тргување надминува 23 милиони евра. Акција со највисок „фри флоат“ е убедливо „Стопанска банка Скопје“ кај која од слободните нешто над пола милион акции (тие што не се во сопственост на НБГ од Грција) се истргувани повеќе од половина односно над 285.000 акции, а вкупниот промет достигнал до речиси 5 милиони евра. Акцијата на„Алкалоид“ е фикс и таа е втора најтргувана со промет од 9,3 милиони евра. Во „големата четворка“ на берзата лани била и акцијата на НЛБ Банка со промет од 5,5 милиони евра. За „Комерцијална банка“ рангот е очекуван особено заради стимулацијата за домашните инвеститори по влезот на неколку домашни големи фирми во нејзината акционерската структура по излезот на шведскиот инвестициски фонд. Тука мора да се надополни и за стимулот за добрите резултати на банката и големите очекувања за претстојната дивиденда. Дивидендата е главна причина за солидните обеми на тргување со акциите на „Стопанска банка“ и на НЛБ Скопје, а „Алкалоид“ е акцијата –обврзница која во континуитет со години наназад дели предвидливо зголемени износи на дивиденда и е „коњак“ за институционалните инвеститори. Во големата петорка, заслужено според големината, влегува и нафтено-трговскиот гигант „Макпетрол“ каде нормални и очекувани вести станаа раст на приходи, зголемени добивки и пристојна дивиденда која е уште зад другите најдобитни акции, но има силен потенцијал.

Од официјалните податоци се гледа дека во сите друштва од МБИ-10 (со исклучок на Охридска банка) се зголемува учеството на домашните инвеститори за сметка на странците.

Помина ли зимата за брокерските куќи?

Добра вест и за брокерските куќи , малата бизнис заедница, која до лани имаше тешки години. Резултати покажуваат дека и кај нив има оптимизам за иднината. Убедливо најголем промет во класично тргување има „Илирика Инвестментс“ надмина 44 милиони евра. Втора е „Еурохаус“ со реализација во класично тргување од 24 милиони евра, за нијанса повеќе од брокерите на „Комерцијална банка“: НЛБ има промет од 15 милиони евра, а брокерите на „Шпаркасе“ и на ТТК Банка се над маргината од 10 милиони евра. Кај блок трансакциите неприкосновена е „Комерцијална банка“ со промет од 95 милиони евра.


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти