05 Мај, 2024
0.0252

Колкав е бројот на новоангажирани лица за односи со јавност во Владата и во министерствата?

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на брифинг со новинарите информираше дека бројот на новоангажирани лица за односи со јавност во Владата и во сите министерства и агенции заедно изнесува 39 лица, а вкупната и реална бројка на лица кои работат ПР за Владата изнесува 46. 

Трошоците на Владата за односи со јавноста бележат намалување. Според податоците во 2014 година Владата потрошила 7.5 милиони евра за односи со јавност и за пропаганда, во 2015 потрошила 5.5 милиони евра, во 2016 1.1 милиони евра, а буџетот за 2017 изнесува 530.000 илјади евра.

„Тоа е 14 пати помалку во споредба со 2014 или 10 пати помалку во споредба со 2015 година. За разлика од овие бројки, во 2017 година, вкупната и реална бројка на лица кои работат ПР за Владата, за премиерот, за 15 министерства, за 5 вицепремиери и за 7 министри без ресор изнесува 46. Нема надворешни консултанти, нема надворешни агенции. Постојат и 57 вработени кои извршуваат придружни функции како превод, протокол, анализа, логистика, фото и видео, организација на настани, за потребите на различните сектори во Владата и министерствата, a не само за односите со јавност“- истакна Бошњаковски.

Во однос на бројот на вработени – во 2015 и 2016 година за ПР и пропаганда биле платени и ангажирани 100 лица на ниво на Влада и министерства, а дополнително, биле ангажирани и надворешни скапи странски конуслтанти и ПР агенции.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува