Колкава е излезеноста до 17 часот?
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2018
Претседателот на Државната изборна комисија соопшти дека излезност согласно пристигнати резултати до 17 часот е 28,83 проценти. Од вкупно 87, 25 проценти обработени ливчиња до тогаш гласале 455.771 гласачи.
„На минатата прес конференција не напоменав колку се обработени ливчиња, па имаше во некои медиуми дека не се точни. Математиката е точна но тогаш не биле обработени сите ливчиња, туку околу 80 отсто, рече Деркоски.